
Адвокатско друштво ТЕМИС СБ од Скопје е основано на 07.06.2009 година од страна на адвокат Бојан Богоески и адвокат Синиша Димитровски како основачи и партнери во друштвото. Двајцата адвокати пред да го основаат друштвото работат како самостојни адвокати од 2006 година во заедничка канцеларија. Во текот на досегашното работење на друштвото, истото се специјализираше во неколку области од правото и тоа:
- стопанско и корпоративно право;
- трудово право;
- договорно право;
- имотно правни односи;
- градежништво (менаџирање на инвестиции во градежништвото);
- менаџирање на странски инвестиции (Greenfield & Brownfield) и
- надомест на штета
- јавни набавки.
- управно право.
Адвокатското друштво врши и дава услоги во вид на правни совети, застапување пред сите надлежни судови и институции, останати правни и физички лица.
Овие активности опфаќаат комплетна правна услуга во вид на :
- застапување пред надлежни нотари, органи на управата
- застапување во постапки за јавни набавки
- изготување на сите видови договори
- застапување во постапка за добивање на градежна дозвола, -застапување во постапка во должничко-доверителски и други видови на облигациони односи,
- застапување во постапка на работни односи,
- застапување во сите видови на управни постапки пред сите државни органи и органи на локална самоуправа
- застапување пред централен регистар на рм и централен депозитар за хартии од вредност на рм,
- изготвање на сите видови на интерни акти за трговски друштва (одлуки, изјави, систематизација на работни емста и др.)
- застапување во постапка за добивање на работни дозволи и дозволи за престој по основ на странски инвеастиции
- застапување на трговски друштва со странски капитал (основање, регистрирање, промена) и
- застапување во постапки пред меѓународни иснтитуции (европски суд за човекови права во Стразбур).